Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Не ми е јасно зошто Англичаните не носат маски

Објавено

на

Јирген Клоп верува дека актуелните подготовки на Ливерпул се одвиваат во безбедно опкружување во ситуација кога цела планета е под пресија на вирусот КОВИД-19, но и самиот е свесен дека не постојат гаранции дека никој нема да биде заразен.

Од друга страна, Германецот признал пред медиумите дека е изненаден од фактот што Англичаните најчесто не носат маски, ниту заштитни ракавици кога се на јавни места.

– Се чувствуваме сигурно, фудбалерите се дисциплинирани, но никогаш не можете да бидете сигурни дека нема да има заразени.

– Дисциплинирани сме, на оваа возраст тоа е посебно тешко кога е период од 11 месеци, а истовремено треба да водиме нормален живот.

– Да не заборавиме дека и ние мораме да отидеме по гориво на бензинска станица, да купиме храна, но барем носиме маски и ракавици.

– Не можам да разберам зошто најголемиот број Англичани не носат барем маски, мислам дека тие многу помогнаа во Германија. Не сум експерт, но знам дека помогнаа во мојата земја, затоа нашите фудбалери секаде треба да се движат со маска и ракавици, – објаснувал Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни