Поврзете се со нас

Англија

Клоп наскоро ќе донесе шокантна одлука за својата иднина, Ливерпул ја пикираше неговата замена

Објавено

на

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, барем како што јавуваат медиумите од Германија донел конечна одлука околу својата иднина.

Имено, Клоп се согласил со идејата да го замени Јоаким Лев на клупата на репрезентацијата на Германија кога ќе дојде време за смена на 61 годишниот селектор на „панцирите“.

Лев има договор со Германија до 2022 година и истиот му завршува по крајот на Светското првенство во Катар и како што стојат работите тој нема да биде продолжен. Се верува дека лош настап на Европското првенство и порано ќе стави крај на 15 годишната ера на Лев на клупата на Германија.

Според „Мирор“ челници на германската федерација во скоро време ќе разговараат со Јирген Клоп за да ги слушнат неговите размислувања околу тоа тој да ја преземе репрезентацијата по заминувањето на Лев.

Наводно, одговорот кој го очекуваат сите е позитивен и Клоп би ставил крај на тренерската кариера во клупски води и би се насочил кон успех со селекцијата на Германија, нешто за што сонувал одамна.

Од Ливерпул не седат со скрстени раце и веќе ја пикирале нивната легенда, Стивен Џерард како можен наследник на Клоп на клупата на „Енфилд“. Во моментов Џерард со неверојатен успех го води тимот на Ренџерс со кого се наоѓа пред освојување на титулата во шкотскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни