Клоп направи интересна споредба меѓу Ливерпул и Сити пред стартот на сезоната во Премиер лигата

klop-pres-west

Ливерпул значително се засили во летниот преоден рок и ростерот на менаџерот Јирген Клоп е значително поширок во споредба со минатата натпреварувачка сезона, па токму поради тоа, најголем дел од експертите во Англија ги споменуваа „црвените“ како најголеми конкуренти на Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.

Клоп е свесен дека Ливерпул е претендент за титулата во новата сезона и не негира дека неговите играчи ќе мораат да направат исчекор во споредба со минатата сезона, но сепак и натаму уверува дека Манчестер Сити е тимот кој треба да се победи и кој влегува во трката како благ фаворит.

Во пресрет на првиот меч на Ливерпул во новата сезона против Вест Хем, германскиот стручњак направи интересна споредба меѓу неговиот тим и оној на Пеп Гвардиола, порачувајќи дека Ливерпул е „Роки Балбоа“, а Сити „Иван Драго“.

– Мораме да бидеме на шампионско ниво во текот на целата сезона, мора да бидеме поконстантни и го знаеме тоа. Многумина мислат дека ние ќе бидеме главни ривали на Сити поради тоа што бевме активни на трансфер пазаот, но тоа е само дел од бизнисот. Тоа не одлучува ништо, теренот е тој што ќе каже како стојат работите. Шампиони се Манчестер Сити и тие не загубија ниту еден играч, напротив, се засилија со Ријад Марез и не се воопшто послаби. Ги гледав на мечот против Челси и можев да забележам две импресивни екипи. Ние се уште сме „Роки Балбоа“, а не „Иван Драго“. Ние се уште сме оние кои морра да работиме повеќе и да се бориме повеќе. Тоа мора да биде нашиот став во оваа сезона, – вели Клоп.

Facebook Коментари