Поврзете се со нас

Англија

Клоп на тема Хендерсон и Ливерпул: Зборував со него…

Објавено

на

foto:twitter.com/JacobsBen

Џордан Хендерсон го напушти Ливерпул и Европа во летниот преоден рок и се пресели во Саудиска Арабија во редовите на Ал-Етифак каде тренер е Стивен Џерард.

Меѓутоа по само неколку месеци искусниот играч за врска сака да си замине и се врати на стариот континент. Последните информации на медиумите говорат дека Хендерсон не е среќен, задоволен со актуелната ситуација и е подготвен да си замине иако ќе остане без голема сума на пари.

Ливерпул се става на листата како потенцијални место за Хендо, тема на која пак јас порака испрати менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

-Дали Хендо имаше прес-конференција и тоа го кажа? [Не]. О, само е напишано. Тоа значи дека за мене не постои. Не ми се јавил. Зборувавме всушност, но не за тоа. Навистина нема што да се каже на тоа, -истакна Клоп.

Хендерсон беше дел од Ливерпул од 2011 до 2023 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни