Поврзете се со нас

Лига на нации

Клоп му се изнасмеа на еден новинар поради неговиот изглед: Кој е тој? Како беше колумбискиот филм за дилерот на дрога? (Видео)

Објавено

на

Германскиот стратег на Ливерпул, Јирген Клоп изрежира уште една урнебесна ситуација по вчерашниот натпревар против Митјиланд во Лигата на шампионите.

Кога дојде време да одговара на новинарски прашања во микс зоната, на линк се вклучи и еден познат бразилски новинар.

Станува збор за Фред Калдеира кој има специфичен изглед за човек од „новата генерација“. Калдеира гордо ги носи брковите, нешто за што Клоп му се изнасмеа во вклучувањето.

Кога се доближи до микрофонот, Клоп со насмевка на лицето праша: – Кој е тој? Како беше колумбискиот филм за дилерот на дрога?.., -на што Калдеира му одговори дека станува збор за Пабло Ескобар.

Новинарот не се налути на ваквиот потег на Клоп, напротив упати и шега на своја сметка: -И покрај тоа имам девојка…

Тука Клоп не застана и повторно низ насмевка му кажа дека слушнал нешто за магичната моќ на брковите.

Видеото од целата ситуација брзо стана вирално на социјалните мрежи, а го сподели и самиот Фред Калдеира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни