Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп му одржа лекција на новинар: Не сум му лут на Симеоне, туку на тебе (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид и Ливерпул одиграа натпревар кој уште еднаш го истакна квалитетот на натпреварување какво што е Лигата на шампионите, но во јавноста најмногу коментари предизвика потегот на Диего Симеоне.

Тренерот на Атлетико трчаше кон соблекувалната по последниот судиски сигнал и не се поздрави со Јирген Клоп, па ваквото однесување му донесе многу критики на аргентинскиот стручњак.

Од друга страна, менаџерот на Ливерпул се поздрави со дел од стручниот штаб и фудбалерите на Атлетико, а по натпреварот во едно интервју откри дека воопшто не се навредил од потегот на колегата, туку повеќе е лут на новинарот кој сака да направи сензација од оваа ситуација.

– Не сум толку голем идиот, воопшто не бев лут. Види убаво што се случи, но ти сакаш да направиш сензација од тој момент.

– Сакав да се ракувам со него, но тој не сакаше, во таков момент можам да го разберам тоа.

– Тој е емотивен, јас сум емотивен, а ти не си добра личност бидејќи сакаш да направиш приказна од тоа. Велиш дека сум бил лут? Е, сега сум лут поради твоето прашање – рекол Клоп и си заминал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни