Клоп му одговори со писмо на млад фан на Јунајтед кој побара пораз на Ливерпул (Фото)

fan-junajted

Фановите на Ливерпул полека почнуваат да се подготвуваат за големо славје на титулата во Премиер лигата за која чекаат цели 30 години, но од друга страна, тимот од „Енфилд Роуд“ може да урне неколку неверојатни рекорди до крајот на сезоната, вклучувајќи го и оној на Арсенал како непоразен тим во цела натпреварувачка сезона.

Ливерпул има нестварен биланс од 25 победи и едно реми на 26 одиграни натпревари во Премиер лигата, a додека оваа серија на тимот на Јирген Клоп ги воодушевува неутралните љубители на фудбалот, навивачите на Манчестер Јунајтед секако не се радуваат на неверојатната форма на лутиот ривал.

Токму поради тоа, еден млад фан на Јунајтед одлучил да му испрати писмо директно на Клоп, а во своеото обраќање, бара од Германецот Ливерпул конечно да загуби оваа сезона во Премиер лигата, а притоа да го натера тимот веќе да не победува никогаш. Верувале или не, Клоп одлучил да му врати на 10-годишниот Дарах, а токму младото момче открива каква порака добил од менаџерот на Ливерпул.

– Драг Дарах, прво ти сакам да ти заблагодарам што ми пишуваш. Знам дека не ми посакуваш среќа или нешто слично, но секогаш е добро да се слушне нешто од млад фудбалски фан и затоа те почитувам што стапи во котакт со мене. За жал, во оваа прилика не можам да го исполнат твоето барање. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби, моја работа е да направам се да му помогнам на Ливерпул да победува, бидејќи има милиони луѓе низ светот кои сакаат да се случи тоа, а јас не смеам да ги изневерам. За твоја среќа, ние сме губеле натпревари во минатото и ќе губиме во иднина, таков е фудбалот. Читајќи го твоето писмо, можам со сигурност да кажам дека твојата страст за фудбалот и за твојот клуб никогаш нема да се промени. Манчестер Јунајтед е среќен што те има тебе. Се надевам дека ние ќе продолжиме да победуваме и дека ќе освоиме уште неколку трофеи, а ти нема да бидеш толку разочаран. Без разлика што нашите клубови се големи ривали, истите многу се почитуваат, а тоа за мене претставува се во фудбалот. Чувај се и ти посакувам среќа, – гласи одговорот на Клоп.

darah-1

darah-2

Facebook Коментари