Англија
Клоп му „фрлил око“ на неуморниот „воин“ на Мароко и веќе стапил во контакт со агентот

Мароко испиша историја во вторникот и првпат во својата историја обезбеди пласман во едно четвртфинале на Светско првенство, достигнување кое има уште поголемо значење ако се знае патот до осумте најдобри на мундијалот во Катар.
Африканската селекција заврши како прва во доста тешка група во која беа Хрватска и Белгија и без пораз се пласираше во осминафиналето, а во оваа рунда најде решение за фаворизираната Шпанија и успеа да слави во пенал рулетот.
Еден од најистакнатите играчи во тимот на Валид Реграгуи е Софијан Амрабат кој ретко кога губи дуел на средината на теренот, поради што фудбалерот на Фиорентина добива статус на фудбалски воин од страна на фановите кои се воодушевени од неговите пожртвувани изданија.
Дефанзивниот играч за врска досега е надјобро оценетиот фудбалер од редовите на Мароко, а тоа сигурно ќе му донесе и голем трансфер во блиска иднина.
Англиските медиуми откриваа дека Јирген Клоп веќе му „фрлил око“ на Софијан и веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот, особено поради тоа што исклучително многу му треба играч со негови карактеристики.
Германецот немаше среќа со изборот бидејќи Артур Мело заработи тешка повреда по комплетирањето на позајмицата, па Ливерпул не планира да чека и го направил првиот чекор за ангажман на фудбалер кој ги задоволува сите стандарди на менаџерот Клоп.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар