Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп мораше да објаснува зошто херојот Жота доби предност пред Фирмино: Фудбалот е лошо место за живеење!

Објавено

на

Диого Жота постигна хет-трик на гостувањето на Бергамо пред да биде повлечен од игра и да му го отстапи своето место на Роберто Фирмино, а како што многупати јавноста знае да биде доста некоректна во вакви ситуации, во Англија експресно почнаа да излегуваат гласини дека фантастичниот Португалец полека му го краде местото на Роберто Фирмино.

Популарниот Боби влезе во игра токму на местото на Жота кој беше херој на мечот со своите три погодоци, но прашањата кои му беа поставени на Јирген Клоп за новиот статус на Фирмино на важен натпревар во Лигата на шампионите, го натера Германецот да даде доста лут одговор.

– Никогаш немам главоболки после добри перформанси. Овојпат донесов ваква одлукам сметав дека карактеристиките на Диого ќе ни користат против Аталанта, со нивниот начин на бранење. Но, фудбалскиот свет е навистина многу лошо место за живеење, бидејќи додека еден блеска, ние веднаш мора да зборуваме за играч кој не игра, а претходно играл на 500 натпревари во низа.

– Ние немаше да бидеме во Лигата на шампионите ако го немавме Боби, а сега треба да објаснувам зошто не беше во стартниот тим. Тој ќе се врати во стартниот тим, ако многумина прашате што го прави Ливерпул специјален, ќе ви одговорат Фирмино.

– Најважно за нас е тоа што сега имаме повеќе од 11 стартери, а овојпат Диого беше во врвна форма и одигра супер натпревар за нас. Но, тоа не кажува ништо за Боби и формата на Жота не ми создава главоболки, – изјави Клоп по победата од 0:5.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни