Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп: Модриќ може да игра до 45. години

Објавено

на

Ливерпул се соочува со речиси невозможна мисија да обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, односно му е потребна победа од најмалку три гола разлика на реваншот против Реал Мадрид за да се надева на продолжување на европскиот сон.

„Црвените“ претрпеа тежок пораз од 5-2 на „Енфилд Роуд“ и сега ќе треба да направат комплетен пресверт, издвојуваат огромен триумф на „Бернабеу“ за да останат во игра во елитното натпреварување. И во таборот на премиерлигашот знааат дека предизвикот е супер тежок, па и самите не си даваат многу шанси за минување на оваа фаза.

Имено тренерот Јирген Клоп посочи дека имаат само еден процент да се пласираат во четвртфиналето, но воедно говореше и за „кралевите“ и нивната моќ.

-Реал не губи самодоверба, што е неверојатна работа за тимот. Ништо негативно не може да ги изненади. Им се восхитувам. Нивниот начин на игра се заснова на ментална сила. Тие ја имаат мојата почит, тие се фантастичен тим. Реал не престанува да игра и да трча. Лука Модриќ може да игра до 45 -годишна возраст. Тука се и Карим Бензема, Тони Кроос и сите овие млади играчи … Леле, каков тим има Реал.

-Нема да го промени режимот на игра, тоа е само добро. Не мора да ги гледаме нивните пет различни натпревари, тие се добри во сè: посед, притисок, длабока одбрана, контри … ќе се обидеме да го победиме еден од најдобрите тимови во светот. Се разбира, три гола се проблем. Само ние веруваме во себе, -порача Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни