Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Луѓето го критикуваат Фирмино, ама тимот е како оркестар

Објавено

на

Екипата на Ливерпул утре ќе го продолжи настапот во Лигата на шампионите и тоа со дуелот против Аталанта, тим кого го прегазија во претходното коло со 5-0.

Меѓутоа ова ќе биде нов натпревар и тренерот Јирген Клоп е свесен дека италијанскиот прволигаш ќе биде мотивиран за да дојда до позитивен резултат на „Енфилд Роуд“ и со тоа да се извади за лошото издание од пред две седмици.

-Последниот натпревар против нив беше посебен. Игравме фантастично и сторивме се како што треба. Сепак, тој натпревар нема никаква врска со ова. Аталанта е секогаш опасна. Тоа е одличен тим кој игра на посебен начин. Очекувам да ни создадат проблеми и ние мора да најдеме решение. Тие играат човек на човек во одбрана, тешко е да се спротивставиме на тоа. Неопходно е да се најдат вистинските решенија, -рече Клоп кој проговори за Роберто Фирмино кој во последно време е на мета на критичарите поради слабиот голгетерски учинок.

-Фудбалскиот тим е како музички оркестар, ако имате различни луѓе на различни инструменти, некој секогаш ќе биде погласен. Ама секој од нив е важен за ритамот. Боби може да биде одличен дури и ако не дава голови. Сепак, тој гол беше многу важен (против Лестер), затоа што сите ги читаме весниците и гледаме како луѓето го критикуваат Боби, -додаде германскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни