Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Кривевме, се боревме и на крајот ни се скрши „’рбетот“

Објавено

на

Јирген Клоп на свој препознатлив начин се обиде да го опише она што му се случува на Ливерпул сезонава и вели дека неговиот тим до последен натпревар ќе се бори да избори место во Лигата на шампионите.

Сепак, Германецот е свесен дека мисијата не е лесна, посебно со актуелната форма на екипата.

– Секогаш се обидувам да научам нешто ново, па така е и сезонава. Нешто ново научија и фудбалерите, па тоа искуство треба да го искористиме веќе наредната сезона.

– Имавме навистина многу повреди на клучните позиции, некој ќе каже дека тоа е алиби, но ние останавме без цела одбрана.

– Чувството беше дека имаме скршена нога. Кривевме еден период и се боревме, но потоа халфовите требаше да станат дефанзивци и завшивме со скршен „’рбет“, по што тешко се движевме, – изјавил Клоп.

Ливерпул утре го пречекува Саутемптон во продолжението од Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни