Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Ќе ми недостасуваат сензационалниот Диего и проблематичниот Марадона

Објавено

на

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вечерва ќе го води својот тим на дуелот со Аталанта од Лигата на шампионите, а пред неговиот почеток зборувал за Диего Марадона и начинот на кој ја гледа фудбалската големина на аргентинската легенда која почина денеска.

– Јас имам 53 години, а се чувствувам како да бил дел од целиот мој живот.

– Кога бев многу млад, на осум, девет или десет години, го гледав првпат, а тој имаше шеснаесет или седумнаесет години.

– На секое видео тој жонглираше со топката и оттогаш за мене беше вистинскиот тип на фудбалер.

– На светско ниво, ги имате Пеле, Марадона и Меси, еден Бразилец и двајца Аргентинци. Неодамна го гледав документарниот филм за него и да се изразам малку поинаку, Диего беше сeнзационално момче, а Марадона имаше одредени проблеми. Ќе ми недостасуваат двајцата, – изјавил емотивниот Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни