Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп: Ќе биде тешко против Милан, ова е вистинска група од ЛШ

Објавено

на

Англискиот великан Ливерпул е домаќин на Милан во мечот од групата Б во Лигата на шампионите.

Ова е дуел на два големи клуба со многу историја, титули, па дефинитивно ова ќе биде посебен меч, меч на кој му се радува предводникот на „црвените“ Јирген Клоп.

-Милан веќе неколку години нема играно во Лигата на шампионите. Имаа брилијантна сезона и ја започнаа оваа сезона навистина добро. Ќе биде тежок натпревар за двете екипи. Во ова коло има неколку добри натпревари и ова е еден од нив, -вели Клоп кој даде коментар за целата група во која се уште Атлетико Мадрид и Порто.

-Кога ја видовме ждрепката, никој од нас не мислеше дека сме во одлична група. Ова е тешка група. Атлетико Мадрид, Порто кој претежно е шампион на Португалија, а тука е и Милан, еден од најголемите клубови во Европа, ова е вистинската група од Лигата на шампионите.

-Целта е да се соберат доволно бодови за да се помине истата и подобро е да не губи време, да почнеме од утре, -порача германскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни