Поврзете се со нас

Англија

Клоп ја спореди кризата на одбраната на Ливерпул со Меси и Роналдо

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул се подготвува за нов настап во Лигата на шампионите, а менаџерот Јирген Клоп и натаму мора да зборува за кризата на своите дефанзивци, кои дозволија невообичаено многу голови во мрежата на Алисон.

Германецот признава дека тимот има проблем, споредувајќи го моментот со нелагодностите на Кристијано Роналдо и Лео Меси.

– Примивме слични голови, што значи дека правиме исти дупки во дефанзивниот дел.

– Играта во одбрана е уметност и ние бевме одлични долг период. Но, кога веќе не функционира, тоа значи дека мора да се вратиме на основата.

– Луѓето прашуваат како може фудбалерите да ја загубат самодовербата. Дали мислите дека Роналдо во моментов е во најдобра позиција во однос на самодовербата? Со години беше најдобар во светот, а сега работите не одат како што посакува. Тоа може да се случи секому.

– Меси ја играше минатата сезона во ПСЖ со поинакво ниво, но мора да се работи на тоа затоа што секому му е важно, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни