Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Ја разбирам одлуката на Чаби Алонсо

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Чаби Алонсо често беше споменуван како потенцијален наследник на Јирген Клоп, но Ливерпул мора да бара друга солуција по изјавата на Шпанецот дека останува во Баер Леверкузен.

Бундеслигашот барем уште една сезона ќе смета на услугите на актуелниот тренер, а Клоп денеска зборувал за најновата информација и изразил разбирање за потегот на помладиот колега.

– Можам да зборувам многу за него како млад стручњак кој постигнува одлични резултати со својата екипа. И јас останав подолго време на едно место и на зажалив за тоа. Чави прави одлични работи во Баер и ја разбирам неговата одлука.

– Не знам колку пати сте ги гледале сезонава, но нивната игра навистина е фантастична. Не само што тој создаде силна екипа, туку изгради и посакуван менталитет, – истакнал Клоп.

Германецот досега беше тренер на само три екипи и во секоја од нив се задржа навистина долго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни