Поврзете се со нас

Англија

Клоп ја отвори вратата во случај на најнеповолно сценарио: Не сакам такви играчи во мојот тим!

Објавено

на

Ливерпул е во сериозна резултатска криза во Премиер лигата и се доведе во ситуација грчевито да се бори за топ четири пласман до крајот на сезоната, нешто што според англиските медиуми може негативно да се одрази врз ростерот на Јирген Клоп доколку на крајот не се обебеди билет за Лигата на шампионите.

Германскиот стручњак не крена глава од проблеми од стартот на сезоната и тешките повреди го принудија да бара избрзани решенија на трансфер пазарот, но откако стана дека тоа не носи голем резултат, Ливерпул како седмопласиран на табелата во овој момент е на четири бода од последното место кое води во најелитното натпреварување.

Необезбеден пласман во Лигата на шампионите ќе биде голем финансиски удар за клубот, но може да натера одредени ѕвезди да си побараат излез во ситуација кога тимот не е дел од елитата. Јирген го доби токму ова прашање во пресрет на дуелот со Фулам кој е утре на програмата, а Германецот во свој стил испрати јасна и директна порака.

– Не верувам дека такво нешто ќе се случи. Ги познавам моите играчи многу добро и знам дека нема да побараат заминување кога клубот е во доста поинаква ситуација од минатата сезона.

– Сметам и знам дека имаме лојални играчи, не верувам дека некој ќе ми го каже следното: Не играме Лигата на шампионите и сакам да си одам. Ако на крајот тоа се случи, тој играчи не ми е потребен, може да си оди. Такви играчи не сакам во мојот тим, – нагласи Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни