Поврзете се со нас

Германија

Клоп: Ја напуштив Борусија порано од предвиденото поради Тухел!

Објавено

на

Јирген Клоп на емотивен начин се радели од Борусија Дортмунд во 2015-та година, но седум години подоцна открива дека големо влијание за неговата одлука имал и Томас Тухел.

Тухел го наследи Јирген на тренерското место на „Сигнал Идуна парк“ истото лето по заминувањето на актуелниот менаџер на Ливерпул, а важна улога одиграл токму Клоп кој се исплашил дека Борусија ќе остане брз првата мета.

Имено, Клоп неколку месеци претходно најави дека си оди по крајот на сезоната и му даде време на клубот да си најде идеално решение, што во случајот бил Тухел кој пред да се договори со „милионерите“, бил во напредни преговори со Хамбургер.

– Си заминав од Борусија порано од предвиденото и порано од тоа што го сакав, но тоа го направив за доброто на тимот и клубот. Се уште се сеќавам на главната причина.

– Тухел беше пред заминување во Хамбургер и тоа беше прав момент за јас да си одам и да го ослободам местото. Така клубот доби шанса да го ангажира Тухел на мое место. Поради Тухел си заминав порано од предвиеното, – открива Клоп во интервјуто за германскиот магазин „ВДР“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни