Поврзете се со нас

Англија

Клоп излезе со искрен одговор пред големото дерби: Арсенал не е добар пример (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп е свесен дека неговиот тим е еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата, па откако Ливерпул успешно го мина првиот сериозен тест наречен Челси, актуелниот првак сега го чека ново дерби.

Ливерпул утре на домашен терен ќе го пречека Арсенал во натпревар со кој ќе биде заокружена третата рунда во англиската елита, а кога Клоп беше запрашан дали смета на „топчиите“ како директни ривали за титулата, тој даде еден навистина искрен, но и потценувачки одговор.

– Мислам дека Арсенал не е многу добар пример. Немаа доволно време да ги решат работите, но дефинитивно Арсенал не е дури осмиот најдобар тим во лигата.

– Сигурно можеа да обезбедат пласман во Лига Европа, ако не во Лигата на шампионите преку освоеното место во Премиер лигата.

– Сепак, ако сум во право, тие се најдоа во Лига Европа поради освоениот ФА куп и ќе мора да играат натпревари на средина на неделата. Тоа е добра вест за нас, нависитна добри вести. Ако не беше така, ќе беа многу поопасни со квалитетот кој го поседуваат, – изјави Клоп кој очигледно не гледа на Арсенал како директен ривал за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни