Поврзете се со нас

Англија

Клоп издвои еден играч по обезбеденото финале: Тој стана фудбалер од светска класа

Објавено

на

Составот на Ливерпул се избори за триумф над Арсенал од 2-0 и со тоа дојде до место во финалето на англискиот лига Куп каде ќе ги одмери силите со Челси кој нешто претходно беше подобар од Тотенхем.

Ова значи дека „црвените“ ќе имаат шанса да дојдат до првиот трофеј во оваа сезона, а поради тоа задоволен менаџерот Јирген Клоп кој се реши да издвои еден играч од екипата-Диого Жота кој ги даде двата гола на „Емирејтс“.

-Постигнавме два прекрасни гола, Жота е во форма. Бевме целосно убедени во клубот дека масовно ќе ни помогне. Откако е тука, направи уште еден чекор, се претвори во напаѓач од навистина светска класа, -рече Германецот.

Сега пред Ливерпул е неделниот лигашки меч против Кристал Палас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни