Поврзете се со нас

Англија

Клоп испофали фудбалер на Арсенал: Запомнете го тоа име

Објавено

на

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп по денешната победа од 2:0 против Арсенал во полуфиналето од Лига купот упати само пофални зборови за еден играч на противниците.

Германскиот тренер го пофали младиот, Габриел Мартинели кој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Арсенал, а имаше сосема солиден настап и вечерва против тимот на Ливерпул.

– Мартинели….сите треба да го запомнат тоа име. Неверојатен фудбалер, -кратко изјави Јирген Клоп упатувајќи само пофални зборови за талентот на „топчиите“.

Клоп уште во 2020 година го фалеше Мартинели кога тој пристигна во Арсенал како играч за иднината на клубот од Северен Лондон.

– Мартинели е талент на векот, тој е неверојатен напаѓач и е многу тешко да се игра против него, -изјави во 2020 Јирген Клоп.

Мартинели во досегашниот дел од кариерата има постигнато 16 погодоци во дресот на Арсенал на 68 одиграни натпревари. Годинава зад своето име има запишано четири голови на 20 одиграни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни