Поврзете се со нас

Англија

Клоп испофали еден играч на Јунајтед: Кога првпат го видов, си реков…

Објавено

на

Јирген Клоп денеска направи најава на големото неделно дерби во кое неговиот Ливерпул ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед, но покрај тоа што нагласи дека овој натпревар нема никакво круцијално значење за титулата, не штедеше комплименти и за еден играч на противничкиот тим.

Германскиот стручњак нагласи дека доволен потстрек е да се победи Манчестер Јунајтед на „Енфилд Роуд“ и на неговите играчи не им е потребна дополнителна мотивација, но не заборави да нагласи дека Манчестер Сити сериозно се доближува од позадина и го нагласи тимот на Пеп Гвардиола како сигурен кандидат за титулата.

– Самата победа против Јунајтед има доволно значење, не е потребно да користам специјални елементи за да ги мотивирам моите играчи. Ситуацијата е јасна, тие се на првата позиција и тие ги заслужија бодовите кои ги освоија. Сепак, патот е долг до крајот на сезоната и ова нема да биде решавачко. Манчестер Сити не е далеку и никако не смееме да се опуштиме, – изјави Клоп.

Во продолжение од обраќањето, менаџерот на Ливерпул не штедеше комплименти за играчот кој направи огромна промена во редовите на тимот кој го предводи Оле Гунар Солскјер во изминатите 12 месеци.

– Бруно е извонреден фудбалер. Пред да се приклучи на Јунајтед, ние игравме против Спортинг на турнеја во Америка и кога го видов на тој натпревар, си реков „уау“. Сите го знаеја и од претходно, но првпат го гледав во живо и дефинитивно правеше разлика на теренот.

– Времето покажа дека има огромно влијание во Јунајтед, донесе многу нови работи. Не го знам доволно за да кажам дали е лидер на теренот во секој поглед, но можам да заклучам дека тој е многу добро засилување. За жал, засилување за Јунајтед, – порача Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни