Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп искрено посочи какви се шансите на Ливерпул на „Бернабеу“: Немаме што да загубиме…

Објавено

на

Ливерпул игра во стилот топло-ладно во оваа сезона и ќе биде интересно да се види во какво светло ќе се претстави на денешната пресметка против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот го загуби првиот меч со 5-2 иако водеше со 2-0, па во меѓувреме го уништи Манчестер Јунајтед со 7-0, но и изгуби од Борнмут со 1-0 што јасно говори дека се доста незгодна, непредвидлива екипа. Пред три седмици тренерот Јирген Клоп порача дека оваа битка е завршена и дека Реал е веќе во следната фаза, ама сега е поголем оптимист и верува оти неговиот тим има шанса од еден процент да обезбеди четвртфинале во ЛШ.

-Она што го кажав по натпреварот пред три недели беше дека Реал е во следната рунда. Ама три недели подоцна, знаеме дека има натпревар за играње и ако имаме еден процент на шанса, сакам да се обидам. Во оваа просторија, 100 пирсери на луѓе мислат дека немаме среќа. Ако сум единствениот што мисли дека имаме малку, тоа е добро.

-Ова е Реал Мадрид, со три гола предност. Не е нешто што го сакате за Божиќ, но немаме што да изгубиме. Ние сме сами со малку верба, со шанса тоа да го направиме, -порача Германецот.

Дуелот се игра од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни