Поврзете се со нас

Англија

Клоп го „закачи“ Челси: Како е тоа возможно…

Објавено

на

Ливерпул беше релативно мирен во зимскиот преоден рок во кој ги обезбеди услугите само на Коди Гакпо, но за разлика од нив тимот на Челси едноставно „грмеше“ на пазарот и потроши повеќе од 320 милиони фунти за осум играчи.

Ваквата акција, трошење на „сините“ предизвика секако чудење кај нивните ривали како што е Ливерпул, па токму менаџерот Јирген Клоп имаше што да каже на тоа што се случи во изминатиов пеприод.

-Нема да кажам ништо без мојот адвокат. Не го разбирам овој дел од бизнисот, што можете да направите, што не можете да направите. Тоа е голем број во последните два прозорци. Играчите што ги донесоа, не размислував ниту еднаш „зошто тоа го направија?“. Сите тие се навистина добри играчи, па од таа гледна точка, честитки ако можете тоа да го направите. Не разбирам како е тоа возможно, но не е за мене да објаснам како тоа функционира. Се надевам дека сите точно знаете како работи, а потоа е добро, -рече Јирген кој очекува големо подобрување од тимот од „Стемфорд Бриџ“.

-Грем тоа го знае. Не сум сигурен дека Тод Боли е премногу заинтересиран за тоа, но ќе се случи во еден момент тие добро да играат заедно. Со квалитетот што го имаат, тешко е да се избегне. Колку брзо ќе се случи, не знам, -заклучи искусниот стручњак во пресрет на гостувањето на Вулверхемптон.

Челси нема повеќе да се расфрла со пари: Наредниот преоден рок ќе биде различен!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни