Поврзете се со нас

Англија

Клоп го тргна на страна Салах и упати пофалби до друг играч на Ливерпул: За него ќе пишуваат книги

Објавено

на

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, видно задоволен по убедливиот триумф над Манчестер Јунајтед од 5:0 не пропушти прилика да испофали еден фудбалер кој не беше доста споменуван од јавноста по вчерашната средба.

Сите медиуми вниманието го насочија кон Мохамед Салах кој одигра уште еден неверојатен натпревар, а никој не го спомна Роберто Фирмино кој според Клоп одиграл важна улога на оваа средба.

Германецот истакна дека за бразилскиот фудбалер ќе се пишуваат книги кога тој ќе ја заврши кариерата.

– Мо доби големо внимание на јавноста, а така требаше да биде и со Боби Фирмино. Луѓето кои имаат фудбалско знаење го знаат тоа.

– Прилично сум сигурен дека кога ќе ја заврши кариерата луѓето ќе пишуваат книги за начинот на кој тој ја интерпретира играта како лажна деветка.

– Не велам дека тој ја измисли таа игра, или дека ние ја измисливме, но со начинот на кој ја игра, од време на време изгледа како тоа да е навистина така, -потенцираше Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни