Поврзете се со нас

Англија

Клоп го следи Ливерпул, но посебно ужива да гледа еден друг тим: Сакам да гледам како напредуваат

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп ужива во слободното време кое го има како неактивен тренер и после долги години може да се пофали со таков луксуз, бидејќи искусниот германски стручњак имаше навистина голема одговорност како предводник на Ливерпул, но претходно и на Борусија Дортмунд.

Клоп во повеќе наврати нагласи дека нема да брза со враќањето на фудбалот, но колку и да сака да се дистанцира од оваа игра, Јирген признава дека не може целосно да се оттргне од малите екрани.

Германецот открива дека ги гледал првите натпревари на Ливерпул под водство на Арне Слот, меѓутоа посебна важност му посветува на Салцбург каде почна да работи неговиот помошник Пеп Лијндерс.

– Секако дека секогаш уживам кога гледам фудбал, но во оваа фаза посебно го гледам Салцбург и уживам додека го правам тоа. Таму работи Пеп Лијндерс, човекот кој е многу важен во мојот живот. Многу сакам да гледам како напредува тимот на Салцбург под негово водство.

– Гледав како игра и Ливерпул, изгледаат навистина добро. Јас бев многу среќен кога слушнав дека Ливерпул е заинтересиран за Арне Слот. Тоа беше врвен избор од управата, се слушнав со него еднаш или двапати пред да го преземе тимот. Во меѓувреме се допишуваме и му стојам на располагање. Сепак, јас немам што многу да му кажам за нешто што тој веќе го знае, – открива Клоп.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни