Поврзете се со нас

Англија

Клоп го разјаснил статусот на Диаз во пресрет на гостувањето кај Лутон

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Луис Диаз и натаму е во сериозна неизвесност поради ситуацијата со киднапираниот татко, а менаџерот Јирген Клоп денеска зборувал и за претстојниот натпревар и настапот на Колумбиецот на истиот.

Офанзивниот играч на „црвените“ го пропушти натпреварот со Нотингем минатиот викенд, како и куп пресметката со Борнмут, откако неколку часа претходно стигна веста за киднапирањето на неговите родители.

Полицијата успеа да ја ослободи само мајка му, а одговорната група за киднапирањето досега само најави дека ќе го ослободи и вториот родител на колумбискиот репрезентативец.

– Ќе почекаме да видиме како се чувствува и тоа ќе биде најважно.

– Нема да го форсираме, ништо не можеме да смениме во однос на проблемот, а ако тој се чувствува добро, може да тренира и настапува.

– Кога е со соиграчите се чувствува подобро, но сигурно не спие добро изминатиов период. Вчера тој одработи цел тренинг, а во меѓувреме очекуваме добри вести од Колумбија, – рекол Клоп.

Ливерпул викендов ќе му гостува на Лутон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни