Клоп го означи најсилниот тим во Лигата на шампионите и објасни зошто Ливерпул е во игра за најпрестижниот трофеј

klop-nasmevka-press

Ливерпул оваа вечер ќе му гостува на Порто во првиот од двата предвидени дуели во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпревар пред кој Германецот Јирген Клоп одлучи да проговори за шансите кои ги има неговиот тим во ова натпреварување кое е единственото во кое „црвените“ остануваат во игра за трофејот.

Менаџерот на Ливерпул смета дека неговите играчи можат да се надигруваат со сите тимови кои се дел од осминафиналето на најелитното натпреварување, од едноставна причина што веќе докажале дека можат да му парираат и да го победат најдобриот тим во Европа.

Според Клоп, најдобар тим во Европа и прв фаворит за титулата во ЛШ е Манчестер Сити, а земајќи ги во предвид случувањата на нивниот последен меч (Ливерпул славеше со 4:3), Јирген излезе со заклучок дека и неговиот тим има шанси за најпрестижниот трофеј.

– Според мене, најсилен тим во Европа во овој момент е Манчестер Сити. Ние игравме со нив веќе двапати на највисоко можно ниво и докажавме дека можеме да се носиме. ПСЖ е порзличен од Сити, но не гледам многу длабоко во нив, убеден сум дека можеме да се носиме. Дури и ако се сретнеме со Сити во подоцнежната фаза, можеме да ги победиме. Нема лош противник во осминафиналето во Лигата на шампионите, но ние веруваме дека имаме шанси да одиме до крај, – порачува Клоп.

Facebook Коментари