Поврзете се со нас

Европски првенства

Клоп го испорача главниот фаворит за титулата пред четвртфиналните дуели на ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп стави крај на својата авантура во Ливерпул и брзо се пресели во Шпанија, или поточно во Мајорка каде ужива во заедничкиот живот со својата сопруга.

Германскиот стручњак најави дека ќе земе подолг одмор и дека ќе ужива во благодетите кои ги нуди животот, но и во таква ситуација, Јирген не може целосно да се дистанцира од фудаблските случувања.

Клоп призна дека го гледа Европското првенство и даде една кратка изјава пред четвртфиналните возбудувања, пред кои го испорача и главниот фаворит за трофејот.

– Во овој момент се чини дека Шпанија може да оди до самиот крај како главен фаворит. Но, ќе кажам дека и Германија е добра, Франција е добра, а и Англија ќе биде многу подобра во продолжение.

– Сега сум во Мајорка и навистина уживам. Цел живот сонував за куќа на Југот. Го сакам времето во Мајорка, ја сакам климата, ги сакам луѓето. Има безброј работи кои ми се допаѓаат тука, – потенцира Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни