Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп го исмеа теренот на Реал, па испрати сериозно обвинување до својот сонародник по поразот во Мадрид

Објавено

на

Јирген Клоп ја прескокна вообичаената процедура и заедно со неговиот тим пристигна во Мадрид на денот на одигрување на натпреварот, па германскиот стручњак се запозна со новиот дом на „кралевите“ непосредно пред одигрувањето на првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

Поради реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид од крајот на минатата сезона игра на помошниот терен „Алфредо Ди Стефано“, за кој Клоп немаше баш посебно добро мислење пред стартот на натпреварот, за што и јавно говореше со доза на ароганција.

– Навикнати сме да играме на празни стадиони во изминативе месеци, но ова е нешто сосема поинакво. Ова е сосема поинаква ситуација. Ова е како тренинг терен, ова е исто како да заминеме во Манчестер и да играме на теренот за тренинг на Јунајтед, – порача германскиот стручњак, кој по натпреварот и поразот од 3:1 беше критички настроен кон својот сонародник.

Клоп е разочаран од играта на Ливерпул, но смета дека судијата Феликс Брих направил голема грешка при вториот гол на Реал, кога пред акцијата за погодокот, имаше прекршок врз Мане од страна на Васкез.

– Навистина не го сфаќам судијата, тоа беше чист прекршок. Тоа не беше добра одлука и лично му го кажав тоа на Брих. Му реков дека ни нанесоа неправда, но него му е сеедно, тој не го загуби натпреварот. Не требаше да биде врвен судија, требаше да биде само добар за да ја процени ситуацијата. Изгледаше како судијата да има нешто против мене, – сериозно обвини Клоп по поразот, кој вели дека е комплетно различен од оној од Барселона кога Ливерпул направи историски пресврт на „Енфилд“.

– Од Барселона загубивме 3:0, но имавме одличен натпревар. Овојпат тоа не е така. Реал беше подобар, но мислам дека можеме да им направиме проблеми на реваншот. На натпреварот со Барса, 80 проценти од пресвртот го направи нашата публика на „Енфилд“, сега ќе биде поинаку за нас. Можам само да ветам дека ќе дадеме се од себе и дека ќе го поправиме впечатокот, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни