Поврзете се со нас

Англија

Клоп го искоментира неверојатното промашување на Нуњез и се пожали од играчите на Лутон: Тоа не е фудбал

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул се спасуваше од пораз на гостувањето кај новајлијата Лутон и Диаз беше оној кој спречи шок со гол длабоко во судиското продолжение, но и ремито од 1:1 не е резултат кој ги задоволи фановите.

„Црвените“ дефинитивно имаат за што да жалат кога е во прашање пресметката на „Кенилворт Роуд“, бидејќи при резултат 0:0 Дарвин Нуњез го промаши невозможното.

Уругваецот реагираше катастрофално и ја испрати топката над голот кога имаше се на своја страна да постигне гол, па иако фановите веќе го загубија трпението со неговите промашувања, Јирген Клоп не сакаше директно да го обвинува за слабата реализација.

– Првата шанса која ја имаше на мечот беше навистина добра, но не е само тој во прашање. Целиот тим не беше голгетерски расположен и тоа дефинитивно не помага на ова ниво. Дарвин прави многу други работи за тимот, денеска ќе бев задоволен ако постигневме први гол и победевме 1:0, – изјави Клоп, кој се пожали и за грубата игра на домаќините кога се прекините во прашање.

– Навистина го почитувам се она што го прави Лутон, но начинот на кој тие се бранат од прекини, тоа не е фудбал. Тоа е класично борење. Не е на граница од дозволеното, тоа е сосема спротивно од тоа. Сепак, тие не добиваат казна за тоа што го прават, па зошто би го промениле таквиот пристап. Вирџил беше соборен на земја и мислам дека би добиле навистина големи оценки ако се даваат бодови за борење, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни