Поврзете се со нас

Англија

Клоп ги „поздрави“ Челси и Јунајтед за големите грешки кои ги направија оваа сезона

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп стави крај на својата деветгодишна етапа во Ливерпул и имаше свечено збогување со навивачите на „Енфилд Роуд“, а во моменти кога полека спласнуваат емоциите, Германецот стана доста актуелен во англискта јавност со последното интервју.

Доскорашниот менаџер на Ливерпул во својата кариера како предводник на „црвените“ за најголем и најтежок ривал го имаше Манчестер Сити, но ако има само позитивни зборови за Пеп Гвардиола и неговиот тим, Клоп не е така благонаклонет со зборови кон Челси и Манчестер Јунајтед.

Германскиот стручњак не пропушти да ги апострофира големите грешки кои ги направиле Челси и Јунајтед во текот на сезоната, потенцирајќи го отказот на Маурисио Покетино, како и начинот на кој Ерик Тен Хаг се ослободи од Џејдон Санчо.

– Ние кои бевме дел од Ливерпул треба да бидеме навистина среќни од сопствениците кои ги имаме, треба да бидеме среќни што во клубот нема луѓе како што има во Лондон. Ако беше како во Челси, немаше да преживеам една година во Ливерпул. Во моментите кога сите почнаа да велат дека Челси полека се враќа на вистинскиот пат, тие го отпуштија менаџерот.

– Јас чувствував навистина голема поддршка од клубот и тоа ми одеше во прилог. Јас како менаџер се обидував да ги заштитам сите мои играчи, менаџерот треба да биде тој кој ќе истапи за својот фудбалер. Не можам само да кажам „тој е бескорисен“. Некои други клубови го напарвија тоа, купија играч за 80 милиони фунти, а потоа го вратија на позајмица во клубот од кој го доведоа, – додава Клоп, јасно алудирајќи на Џејдон Санчо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни