Поврзете се со нас

Англија

Клоп ги потврди добрите вести: Ван Дајк се враќа на терените

Објавено

на

Екипата на Ливерпул се подготвува за новата сезона, а во пресрет на контролниот меч против Херта закажан за во четврток во Инсбурк предводникот на премиерлигашот Јирген Клоп соопшти добри вести кога е во прашање дефанзивната линија.

Имено Клоп информираше дека има шанса на оваа средба да заигра стоперот Вирџил Ван Дајк кој заработи потешка повреда на коленото во минатата година, па мораше да го пропушти најголемиот дел од кампањата.

Сега Холанѓенцот е здрав, подготвен, а истото важи и за Џо Гомез кој е исто така на добар пат за да закрепне и максимално се стави на располагање.

-Се надевам, не сум сигурен, дека постои можност Вирџил да одигра неколку минути. Тој изгледа навистина добро на тренинг и можеби можеме да го внесеме во игра, но треба да направам последни разговори. Тој изгледа подготвен и ќе видиме. Ако сега ги гледате игрите како дел од нивниот тренинг за рехабилитација, има смисла.

-Гомез е исто блиску. Нема трка меѓу нив двајца, тие имаа различни повреди и такви работи, но е многу блику. Ако Виргил може да игра 20 минути, тогаш веројатно и Џо може да игра на следниот натпревар. Ќе видиме. На тренинг и двајцата изгледаат навистина добро, -истакна Клоп.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни