Поврзете се со нас

Германија

Клоп ги чека возбудувањата во Бундеслигата: Ми испрати неколку пораки…

Објавено

на

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп со нетрение ги очекува возбудувањата во Бундеслигата.

Германскиот шампионат овој викенд се враќа на големата сцена по неколку месечната пауза поради пандемијата со коронавирусот.

-Јирген ми испрати неколку пораки дека ќе не гледа телевизија овој викенд и дека сите се среќни поради тоа. Во Англија запнаа околу тоа дали Премиер лигата може наскоро да започне. Ние сме во таква позиција во Германија поради населението кое се однесуваше на таков дисциплиниран начин. И политичарите кои се многу внимателни со ситуацијата. Тоа е причината зошто Германија е една од најдобрите земји во светот која ја мина оваа криза, -истакна извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке.

Најинтересната средба од 26 коло во Германија е онаа меѓу Дортмунд и Шалке, рурското дерби кое се игра утре од 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни