Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Фулам има еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Викенд програмата во Премиер лигата е поделена со по пет меча во сабота и недела, а еден од оние кои се играат утре е оној меѓу Ливерпул и Фулам.

„Црвените“ останаа непоразени во дербито со Манчестер Сити и со големи амбиции ќе влезат во дуелот со ривалот од Лондон, за кого Јирген Клоп има навистина големо мислење.

Германскиот стручњак имаше низа пофалби за тренерот Марко Силва и неколку играчи кои играат во нападот, но посебно се задржа на Бразилецот Вилијан, кого го нарече еден од најдобрите кои некогаш заиграле во Премиер лигата.

– Фулам е навистина креативен тим, не само со играта во поле, креативни се и при прекините. Мора добро да се подготвиме за нив. Марко Силва е одличен менаџер, извршува извонредна работа во Фулам и играат навистина добро. Не велам дека се подобри од што мислам, но навистина нивната работа е за почит.

– Во нападот го имаат Хименез, го имат и Карлос Винисиус, како и еден од најголемите и најдобрите крила во историјата на Премиер лигата. Вилијан, малиот Бразилец со кадрава коса, тој е еден од најдобрите кои Премиер лигата некогаш ги видела. Се уште игра на врвно ниво и не престанува, а покрај него, го имаат и Андреас Переира. Секогаш сме имале проблеми кога играме на нивни терен, но сега играме дома и треба да го наметнеме нашето темпо, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни