Поврзете се со нас

Англија

Клоп е уникат: Не знаев дека играат Сити и Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул го презема врвот во Премиер лигата откако Манчестер Сити и Арсенал ремизираа на дербито кое се играше на „Итихад“, натпревар кој интересно не бил проследен од страна на менаџерот на „црвените“.

Јирген Клоп открива дека веќе има неколкугодишна пракса да не ги гледа натпреварите на главните ривали на Ливерпул, а причина за тоа е настанатиот стрес и забрзаната работа на срцето кога работите не одат какошто посакува.

Германецот вечерва одработи пред воочи натпреварот кој го игра неговиот Ливерпул против Шефилд во текот на утрешниот ден, а новинарите го прашаа што мисли за денешните натпревари кои ги играат Арсенал (против Лутон) и Манчестер Сити (против Астон Вила).

– Не ни знаев дека Арсенал и Сити играат вечерва. Се надевам дека ќе им оди добро, што да ви кажам друго. Ние не ги гледаме ривалите, насочени сме само на нас, потребно е да победуваме на нашите натпревари. Навистина не сум заинтересиран за останатите тимови и нивните натпревари.

– Со години нананзад не гледам натпревар на кој игра наш ривал. Се сеќавам дека еднаш навивав Лестер да победи, и не се случи тоа. Последен пат го направив тоа на тој меч и научив од минатото. Кога играат нашите ривали, мојот пулс останува мирен, а причина за тоа е фактот што не ги гледам нивните натпревари, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни