Поврзете се со нас

Германија

Клоп е убеден: Повторно ќе го видиме стариот Геце

Објавено

на

Одличниот германски стручњак, Јирген Клоп е оптимист и верува дека неговиот сонародник Марио Геце ќе се врати на големата сцена, односно ќе ја врати својата форма од најдобрите времиња.

Геце беше фантастичен додека го носеше дресот на Борусија Дортмунд и тоа во првата етапа кога на чело на „милионерите“ беше Клоп, меѓутоа потоа Марио почна да го губи својот сјај, не се снајде баш најдобро во Баерн Минхен, а уште полоша беше втората негова епизода на „Сигнал Идуна Парк“.

По крајот на актуелнава сезона тој ќе биде слободен играч и интересно ќе биде да се види каков потег ќе повлече затоа што истиот дефинитивно може да биде клучен за неговата кариера.

-Секој во бизнисот знаеше дека неговиот договор истекува. Ако работите не се решени една година однапред, има некои индикации доаѓа крајот. На Марио ќе му требаа натпревари во низа. Му треба клуб што ќе му даде чувство дека не мора да го менува светот на секој натпревар.

-Наместо тоа, Геце треба само да игра нормално, а потоа да игра повторно и повторно. Тогаш мислам дека повторно ќе го видиме стариот Марио Геце. Тоа очигледно не е можно во Дортмунд во моментот со оглед на квалитетот што го имаат во офанзивната линија.

-Има смисла што Марио си заминува, искрено, не можам да му посакам повеќе среќа. Мислам дека тој е исклучителен играч и исто така исклучителен карактер. Јас многу го сакам и му посакувам се најдобро, -истакна Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни