Поврзете се со нас

Англија

Клоп даде урнебесен коментар за клинчот меѓу Гвардиола и Дарвин

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа 1:1 на „Итихад“ и ги поделија бодовите во големото дерби, епилог од кој најмногу профитираше Арсенал кој подоцна славеше на гостувањето кај Брентфорд.

Сити беше поблиску до триумф и испушти предност од 1:0, па по последниот судиски свиреж, имаше и одредени искри од актерите кои беа блиску до клупата за резерви.

Дарвин Нуњез ги мина завршните минути на клупата за резерви, а токму тој беше оној кој му се нафрли на Пеп Гвардиола по последниот судиски свиреж.

Шпанецот не ги прифати баш најдобро забелешките на Уругваецот, па во целата ситуација се вклучи и Јирген Клоп кој беше миротворец, а кој подоцна даде и урнебесна изјава.

– Нивната препирка немаше ништо со жестокото ривалство меѓу Сити и Ливерпул, мислам дека Дарвин се уште не знае ништо за тоа. Да бидам искрен, јас не сум тој кој треба да дава објаснување за караницата, јас не бев инволвиран и тоа е изненадување за сите. Се обидов да ги смирам страстите, но не сфатив ниту збор од тоа што го кажаа, – со насмевка порача Клоп, алудирајќи на тоа дека двајцата си испраќаа зборови на шпански јазик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни