Поврзете се со нас

Англија

Клоп даде позитивна информација за Ван Дајк: Тој изгледа навистина добро…

Објавено

на

blank

Предводникот на англиксиот првак Ливерпул, Јирген Клоп даде позитивна информација за Вирџил Ван Дајк и неговиот процес на рехабилитација, закрепнување по тешката повреда на коленото со која се здоби на градското дерби против Евертон во месец октомври минатата година.

Холанѓанецот веќе неколку месеци е недостапен и е под знак прашалник дали ќе може да се врати сезоната, но она што е добро е фактот дека има прогрес, напредок и стоперот изгледа добро во оваа фаза.

-Не знам што е возможно и што не е возможно, не знам дали сум вистинската личност да дадам оценка за тие 100 проценти, но тој изгледа навистина добро. Зборував со него утрово на телефон и тој е навистина добро расположен, па сето тоа е многу ветувачко. Но, не знам кога ќе се врати.

-Има уште многу фази што треба да се поминат и да се поминат – тоа е јасно. Оваа повреда и јас ја имав. Но, за времето во кое сме, колку долго тој е во аут и колку трае рехабилитацијата, тој изгледа навистина, навистина ветувачки, -истакна Јирген кој со неговите избраници вечерва има лигашка средба против Барнли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни