Поврзете се со нас

Англија

Клоп даде искрена изјава за шампионскиот шпалир кој му го подготвуваат Гвардиола и Сити

Објавено

на

Пеп Гвардиола навреме ги расчисти дилемите за шампионскиот шпалир во Премиер лигата, најавувајќи дека неговиот Манчестер Сити ќе му приреди достоен пречек на новиот шампион во фудбалска Англија.

По пауза од цели 30 години, Ливерпул во претходното коло ја обезбеди титулата во најсилното англиско друштво, а судбината посака нивниот прв натпревар по осовениот трофеј да биде против главниот конкурент за првото место.

Гвардиoла навести дека неговиот тим ќе ги пречека шампионите со шпалир и онака како што налага традицијата во Англија, но кога е во прашање оваа тема, со свој стави излезе и Јирген Клоп кој призна дека не гледа нешто позитивно во оддавањето почит за нешто што се случило пред неколку дена.

– Ова е англиска традиција и традиција на Премиер лигата, па затоа ја прифаќаме како нешто добро. Гледам на ова како навистина добар гест, но според мене, тоа навистина е непотребно, – искрено порача Клоп и додаде.

– Не гледам потреба за тоа бидејќи ќе играме натпревар кој по секоја цена ќе сакавме да го добиеме, а не да славиме нешто што го освоивме пред една седмица. Сепак, ќе повторам дека е убаво и спортски да се направи тоа, – порача Германецот во пресрет на дербито на „Итихад“ кое се игра вечерва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни