Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Бевме фантастични, Салах е најдобриот играч на светот

Објавено

на

Тимот на Ливерпул го прегази Вотфорд со 5-0 во премиерниот меч од денешната програма во Премиер лигата.

Гостите од „Енфилд Роуд“ одиграа супер квалитетен натпревар во кој целосно го надиграа противникот кој едноставно не можеше да се поврзе иако играше во својот дом на „Викариџ Роуд“. Ваквото издание донесе огромно задоволство кај тренерот Јирген Клоп кој по последниот судиски свиреж не криеше колку е среќен, задоволен поради партијата која ја дадоа неговите момци по репрезентативната пауза.

-Беше прекрасно! Не можам да кажам ништо друго. По репрезентативната пауза е тешко е да се најде ритам, но момците беа фантастични, иако имавме само еден заеднички тренинг. Ватфорд имаше некои идеи, ама тоа не им донесе резултат. Головите што ги постигнавме беа фантастични, покажавме вистински став, -рече Клоп кој имаше посебни збороови за Мохамед Салах кој запиша асистенција, но и еден магичен гол.

-Асистенцијата беше одлична, а голот спектакуларен. Тој е врвен играч, светот тоа го гледа. Кој е подобар од него? Не треба да зборуваме за тоа што направија Меси и Роналдо за фудбалот и колку беа доминантни. Ама во моментов Салах е најдобар, -заврши стратегот на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни