Поврзете се со нас

Англија

Клоп бесен по драматичниот поразот на „Олд Трафорд“: Немам нерви за тебе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Големото дерби на „Олд Трафорд“ донесе неверојатна драма и видовме два пресврти во трилерот со седум гола, но на крајот последни се смееја домаќините кои постигнаа погодок за победа во 121-та минута.

Диало беше херојот за „ѓаволите“ и така Јунајтед го грабна последниот билет за полуфиналињата на „Вембли“, па додека домаќините еуфорично славеа, беше јасно дека гостите од Ливерпул не се баш најрасположени по болниот пораз.

Поразот од 4:3 го наруши расположението и кај Јирген Клоп, кој бесен од случувањата по крајот на мечот, немал доволно нерви да одговара на едно прашање кое му го поставил скандинавскиот новинар од „Виа Спорт“.

Претставникот на познатиот медиум го запрашал Клоп дали е разочаран што неговиот тим не го презентираше интензитетот кој е одлука за Ливерпул, по што Клоп беше шокиран од заклучокот на новинарот.

– Ова ти е малку глупаво прашање. Не знам колку број на натпревари одигравме во краток период, не знам колку точно одигра и Јунајтед. Тоа е спорт и разочаран сум од твоето прашање, но ти мислиш дека е добро, – порача Клоп, па дополни.

– Се гледа дека не си во добра форма, немам нерви за тебе, – заврши Јирген на заминување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни