Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Баерн очајнички се обидуваше да го задржи Тијаго, но….

Објавено

на

Тијаго Алкантара денеска го комплетираше долго најавуваниот трансфер во Ливерпул, ангажман кој секако ги импресионираше фановите на англискиот првак, но и менаџерот на тимот, Јирген Клоп.

Германскиот стручњак не криеше дека со години го следел фантастичниот шпански играч за врска кој посебно брилјираше изминатава сезона, па сега како искусен фудбалер кој е во своите најдобри фудбалски години, пристигнува на „Енфилд Роуд“ за да одбележи уште една незаборавна етапа во својата кариера.

Дваесет и деветгодишниот Шпанец ќе го носи дресот со број „6“ и се очекува да донесе голема креативност во средниот ред на Ливерпул, а Клоп е среќен што Тијаго го избрал Ливерпул и покрај тоа што во Баерн очајнички се обидуваа да го задржат.

– Тијаго беше клучен играч за Баерн Минхен со години. Сите знаеме дека Баерн ги чува своите најдобри фудбалери со долги договори, тие очајнички се обидуваа да го задржат и сега, а тоа е разбирливо со оглед на тоа каков играч е Тијаго. Сепак, тој беше подготвен за нов предизвик и пресреќен сум што се одлучи за нас. Тој знае дека Премиер лигата е многу тешка, знае дека тимот е веќе добар, но сака да му помогне со својот квалитет. Навистина сум многу среќен што конечно е тука, – изјави Клоп, кој додаде дека неговиот ангажман, нема да значи заминување на Џорџино Вајналдум кој се поврзуваше со Барселона.

– Пристигнувањето на Тијаго нема да има негативно влијание врз ниту еден наш играч од средниот ред. Не мора да продаваме, никој не треба да си замине, – нагласи Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни