Поврзете се со нас

НБА

Кливленд се ослободи од тренерот кој ги одведе во полуфиналето на Истокот

Објавено

на

foto: x.com/NBAonTNT

Кливленд Кавалирс одлучи да се ослободи од тренерот Џеј Би Бикерстаф кој ја извршуваше оваа функција од 2020 година.

Кавси во актуелнава сезона дојдоа до втората рунда во плејофот на Истокот каде загубија од фаворизираниот Бостон Селтикс со 4-1. Клубот од Охајо се бореше со „келтите“ на секој меч иако Бикерстаф не можеше да смета на неколку важни играчи во серијата или дел од истата како Мичел, потоа центарот Ален и Лаверт.

Меѓутоа управата на Кливленд смета дека е потребна промена и Бикерстаф си оди со учинок 170-159.

Веќе се споменуваат стратези кои можат да го наследат како Кени Еткинсон, Џемс Борего…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни