НБА
Кливленд продолжи да „меле“ во НБА лигата, Голден Стејт победи и покрај слабата партија на Кари (Видео)
Кливленд изгледа несопирливо во НБА лигата и веќе не е никаква случајност што има најдобар биланс во двете Конференции, уште повеќе кога се знае дека Кавалирси влегоа во серија од 12 последователни победи.
Лидерот на Истокот се навикна да победува во било какви кошаркарски услови на теренот, па така рано утрово најде решение и за ултра офанзивниот пристап на Торонто.
Во еден меч со над 250 поени, Кливленд на крајот славеше победа со 132:126 и продолжи да „меле“ во НБА лигата, а најзаслужни за 12-та победа во низа беше Гарланд кој имаше брилијатно издание со 40 постигнати поени. Двоцифрен беше и Мобли со 21 поен, како и Ален и ЛеВерт со 18 поени.
Од останатите натпревари, вреди да се напомене дека Голден Стејт се врати на вистинскиот пат со тешка победа на гостински терен, а истата ја оствари и покрај лошата вечер на Стеф Кари.
Главната ѕвезда на „воините“ не беше во елемент и промаши дури 12 тројки, но и во такви услови беше еден од најдобрите поединци со 17 поени и 10 скокови.
НБА резултати:
Детроит – Голден Стејт 104:107
Орландо – Минесота 89:104
Кливленд – Торонто 134:126
Далас – Портланд 117:111
Мемфис – Хјустон 115:119
Феникс – Атланта 123:115
Јута – Мајами 92:97
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија16 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Репрезентација5 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Евролига16 часа
Ѕвезда на Партизан бираше најубав европски град, фановите шокирани од одговорот (Видео)