Поврзете се со нас

НБА

Кливленд продолжи да меле и да се бори за статусот „најдобар тим во НБА лигата“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/cavs

Кливленд во последно време ја добива битката со Оклахома во трката за најдобар тим во НБА лигата во регуларниот дел од сезоната, нешто за што доказ е и неверојатната серија на Кавалирси која трае од почетокот на месец февруари.

Рано утрово, Кливленд ја запиша 15-та победа во низа во најсилната кошаркарска лига во светот и стигна вкупно до 55 во сезоната, што прави да има две победи повеќе од Оклахома која е на границата од 53.

Кавалирси најдоа решение за Бруклин во натпревар во кој беа сериозно предизвикани, но неверојатната последна четвртина на домаќините беше доволна за пресврт и победа од 109:104.

Кливленд ги доби последните 12 минути со 31:18 и ја продолжи својата импресивна победничка серија, која сите се надеваат дека ќе продолжи и на гостувањето кај Мемфис.

Гарланд со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим, но доби голема поддршка и од Ален и Мобли со 23 и 21 поен.

НБА резултати:

Кливленд – Бруклин 109:104
Детроит – Вашингтон 123:103
Индијана – Милвоки 115:114
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 127:120

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни