Поврзете се со нас

НБА

Кливленд му го расипа 40. роденден на ЛеБрон, Гилџус Александер му се „заканува“ на Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/okcthunder

Првиот ден во Новата година носи возбудувања за верните фанови на кошарката, бидејќи дел од големите НБА ѕвезди обично имаат обврски на теренот.

Рано утрово се одиграа четири натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот, а Кливленд успеа да му го расипе роденденот на ЛеБрон Џејмс кој првпат настапи на еден натпревар како 40-годишник.

„Кралот Џејмс“ влезе во петтата деценија од животот на 30-ти декември, но неговиот матичен тим се погрижи истиот да не го прослави со победа во НБА лигата и покрај тоа што постигна 23 поени.

Кливленд го победи Лос Анџелес Лејкерс со 110:122 на негов терен и го потврди статусот на најдобар тим на Истокот, нешто што важи за Оклахома на Западот.

Тандерси продолжија да „мелат“ во НБА лигата и запишаа нова победа, овојпат во пресметката со Минесота која им припадна со резултат 113:105.

Гилџус Александер имаше нов брилијантен настап и почна да му се „заканува“ на Никола Јокиќ како единствен ривал во трката за МВП титулата, бидејќи ѕвездата на Оклахома одново имаше партија со над 40 поени.

Најдобриот играч на Тандерси го заврши мечот со точно 40 поени, а вториот најдобар поединец на паркетот беше Едвардс од спротивната страна со 20 поени.

Останати НБА резултати:

Сан Антонио – ЛА Клиперс 122:86
Феникс – Мемфис 112:117

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни