Кливленд и Голден Стејт си поигруваат со противничките тимови: На дневен ред дојдоа Чикаго и Њу Орлеанс (Видео)

lebron-lav

Кливленд од 9 ноември ја нема почуствувано горчината на поразот. Тие синоќа успејаа да ја забележат 12 победа по ред, а жртва овој пат беше на тимот на Чикаго, кој беше поразен со резултат од 113:91. Двејн Вејд и Кевин Лов дадоа по 24 поени, додека Леброн Џејмс постигна 23 поени.

Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс, по негативата од 21 поени во текот на натпреварот, на крајот успеа да извојува победа против тимот на Њу Орлеанс со конечен резултат од 115:125. Стеф Кари беше предводникот на тимот со постигнати 31 поен, Клеј Томпсон даде 22 поени. Пех за тимот на Голден Стејт беше што Кари го повреди зглобот и деновиве ќе се знае колку време ќе паузира.

Facebook Коментари