Поврзете се со нас

НБА

Кливленд го доби дуелот на најдобрите во НБА лигата, Денвер знае да победува и без Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/cavs

Кливленд и Оклахома влегоа во утринската пресметка како убедливо најразиграни и најдобри тимови на Истокот и Западот, па беше јасно дека на една победничка серија ќе и дојде крај.

Двата тима беа во серија од десет победи во низа, но Кавалирси се погрижија нивната да дојде до бројот 11, а онаа на Оклахома да сопре на 10.

Кливленд беше подобар во дуелот на најдобрите во НБА лигата од стартот на сезоната и славеше со 129:122, натпревар на кој повторно дојде до израз тимската игра.

Дури пет играчи на домашниот тим постигнаа над 15 поени, а тоа беа Ален (25), Мобли (21), Гарланд (18), Штрус (17) и Џером (15). Во противничкиот табор, убедливо најдобар беше Гилџус Александер, но блесокот од 31 поен не беше доволен да спречи пораз за Тандерси.

На другите натпревари, Денвер успеа да победи без Никола Јокиќ во натпреварот против Лос Анџелес Клиперс со 126:103, а Милвоки исто така беше подобар од Сан Антонио на домашен терен со 121:105.

НБА резултати:

Филаделфија – Вашингтон 109:103
Индијана – Чикаго 129:113
Кливленд – Оклахома 129:122
Бруклин – Детроит 98:113
Њујорк – Торонто 112:98
Њу Орлеанс – Портланд 100:119
Денвер – ЛА Клиперс 126:103
Милвоки – Сан Антонио 121:105

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни