Поврзете се со нас

Англија

Клиши: Еден клуб може да доминира во ПЛ во наредните десет години

Објавено

на

Доста интересен е досегашниот тек на оваа сезона во Премиер лигата каде во прв план е Ливерпул, а потоа зад него се лондонските ривали Челси и Арсенал за да дури потоа дојде Манчестер Сити кој минута низ тешка резултатска криза, криза со која Пеп Гвардиола никогаш се нема соочено во досегашната тренерска кариера.

Иако има уште многу да се игра јасно е дека шампионот ќе се бара меѓу овие четири екипи со тоа што најголемо изненадување во ова друштво е Челси, клуб кој по заминувањето на Роман Абрамович потроши огромни суми на пари за засилувања, се сменија повеќе тренери за да дури во оваа сезона Енцо Мареска ги пронајде соодветните решенија и „сините“ се навистина конкурентни и опасни.

Гаел Клиши многу добро знае како се освојуваат пехари на островот со оглед на своето минато во Арсенал и Сити, па според него на Челси ќе му биде тешко да ја освои ПЛ во тековнава кампања, но во исто време смета дека токму овој клуб може да доминира во шампионатот во нареднава деценија.

-Мислам дека нема искуство бидејќи имаат многу млади играчи. Но дали се тие претенденти за титулата? Мислам дека со потрошените пари, тимот и менаџерот што го имаат, луѓето почнуваат да сфаќаат дека ако денешниот менаџер е вистинскиот, тие би можеле да продолжат и да бидат навистина доминантни во следните 10 години, со играчите кои ги имаат.

-Навистина тоа го чувствувам. Ама она што може да ги спречи е фактот дека се навистина млади. Таму има нов тренер и став и тие се возбудени. Се е лесно бидејќи никој не очекуваше дека ќе бидат таму, тоа олеснува. Сега ќе дојдат прашањата и ќе стане малку потешко. Гледајќи ги парите што ги потрошиле, тие треба да ја освојат Премиер лигата [во одредена фаза], сè друго би било неуспешно. Само недостатокот на искуство може да ги спречи да имаат неверојатна сезона, -порача Клиши.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни